Дуелот на на Вардар против Мешков Брест во СЕХА Газпром лигата одигран вчера во Скопје беше последниот меч за „црвено-црните” пред почетокот на групната фаза од Лигата на шампионите.
Вардар вчера повторно покажа одлична игра особено во одбраната и стигна до третиот последователен триумф во регионалното натпреварување. Задоволен од играта беше и тренерот Раул Гонзалес.
– Среќен сум дека за победата против Брест, тие имаат одличен тренер и одлични играчи. Ние бевме многу мотивирани, бидејќи секогаш ни е тешко да играме против нив. Не смеевме да се опуштаме, ако сакаме успех против Брест. Се согласувам со Бебешко дека нашата одбрана беше одлична и среќен сум што победуваме. Покажавме дека сме подготвени пред стартот на Лигата на шампионите.
Вардарци на 17 септември во Полска против Висла Плок ја почнуваат одбраната на шампионскиот трофеј во елитното натпреварување.