Голужа: Шансите со Македонија ни се 50 -50

Од:

Селекторот на Хрватска Славко Голужа на денешната прес конференцијата на неговата репрезентација истакна дека е задоволен од трите победи, а за следниот дуел со Македонија еднакви шанси за успех дава на двете репрезентации.

– Ќе играме со респект и ги почитуваме нашите ривали, но не се плашиме. Македонија е репрезентација составена од играчи кои играат во два клуба и еден екстра играч од Барселона, а притоа добар дел од нов ги тренира и Лино Червар и ништо не може да ме изненади. Овој натпревар ќе биде тежок сите 60 минути, со многу борба, нервоза. Нијанси ќе решаваат, можеби и голманите. Шансите за победа се 50-50. На крајот нека победи подобриот, рече Голужа.

Тој осврнувајќи се првите три натпревари што на Мундијалот ги одиграа „коцкестите“ рече дека како што планирал, поголема минутажа на првите два дуела имале поискусните играчи, а помладите повеќе играле на средбата со Иран.

Хрватска и Македонија се на првите две позиции во Б групата со максимални шест бодови.

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ