Голманот на Грузија е најдобар на ЕУРО

Од:

Голманот на Грузија, Ѓорѓи Мамардашвили го одигра најдобриот натпревар за поединец на ЕП 2024 година во натпреварот против Чешка.

Според „Софаскор“ тој е најдобро оценет играч на ЕУРО, а пред него најдобри беа Џошуа Кимич и Фабијан Руиз со 8,9.

Мамардашвили забележа 11 одбрани, осум во првото полувреме. Фати пет високи топки, три пати ја елиминираше опасноста.

Доби и два дуела, а особено импресивно беше што одбрани шест удари кои беа упатени од шеснаесетникот. Поради сето ова тој заработи оценка 9,7.

Мамардашвили моментално игра за Валенсија, а според Трансфермаркт неговата вредност е 35 милиони долари. Тој има договор со неа до летото 2027 година.

По добрите настапи на ЕУРО, неговата цена веројатно ќе се зголеми.

Би можело да ве интересира

Кукуреља го „спушти“ Невил: „Отидовме до крај, Гери“

Порака на Шкотска до Шпанците во пресрет на финалето – одмаздете им се на Англичаните за се што ви прават

Предраг Петровиќ

Олмо: „Не се плашиме од никого“

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде најдобар стрелец на Европското во случај на ист број постигнати голови

Предраг Петровиќ

Холандија – Англија 1:2 – Англичаните го добија финалето на еврото во 90. минута

Горан Наумовски

Шпанија – Франција 2:1 – Олмо ја однесе Шпанија до финалето на Евро 2024

Горан Наумовски