Голман на Манчестер имал сообраќајка додека одел на тренинг

Од:

Прилично лоша атмосфера имало на денешниот тренинг на Манчестер јунајтед во клупскиот центар „Карингтон“. На вчерашниот пораз од Ливерпул со 0:2 на „Енфилд“ се надоврзала и сообраќајната несреќа на резервниот голман, Аргентинецот Серхио Ромеро.

На пат кон тренинг центарот претпладнево, тој доживеал сообраќајна несреќа, ја пробил заштитната ограда и излетал од коловозот со своето Ламборџини.

Ромеро, за среќа, минал без повреди, а набрзо по инцидентот се појавија и фотографии на социјалните мрежи како стои до неговиот уништен автомобил вреден 170.000 фунти со кој се почести во 2017 година, по освојување на англискиот Лига Куп.

Првичните претпоставки за сообраќајната несреќа се однесуваат на замрзнатиот асфалт. Англиските медиуми наведуваат дека температурата во Манчестер утрово била под нулата.

Ромеро оваа сезона е резерва на Давид де Хеа и во негова сенка забележа само девет настапи за екипата од „Олд Трафорд“. Четири пати бранеше во мечеви од Лига Европа, три во Лига Купот и во два во ФА Купот. Во Манчестер Ј. пристигна во 2015 година од екипата на Сампдорија.

 

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара привор за скопјанката која удри пешак и избега

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на сите пресуди каде криминалци во време на СДС наместо затворски добиле пониски казни

Млада девојка усмртена на „Партизанска“, уапсен 20-годишникот кој ја удрил

Фудбалерите на Ливерпул убедливо го победија Вест Хем во 19. коло од Премиер лигата

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

На автопатот Миладиновци – Куманово две сообраќајки, се вози само по една коловозна лента

А1он