Голема победа на МЗТ во Задар

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје стигнаа до третата победа на гостински терен, вкупно петта, во рамките од АБА-лигата.

По триумфите над Цибона и Олимпија, македноскиот шампион вечерва успеа да слави и во Задар, совладувајќи го домашниот состав со 68:76.

Металците одиграа одлично во првите три четвртини, но големиот пад во последниот период за малку скапо ќе го чинеше нашиот првак.

Сепак, во клучните моменти блесна Чековски, прецизни од линијата за слободни фрлања беа Бакиќ и Оташевиќ, па МЗТ сосема заслужено се радуваше на нов триумф.

Борис Бакиќ го одигра својот најдобар меч во дресот на Металците, завршувајќи го дуелот со 19 поени и шест украдени топки, но улогата на херој сигурно му припаѓа на Чековски, кој што одново беше лидер на својот тим со 18 поени, 11 скокови, 3 асистенции и 2 украдени топки. Гечевски придонесе со 16 победи во овој триумф на МЗТ, додека Кејд Дејвис беше стрелец на 15 поени, поголемиот дел од нив во првото полувреме.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он