Нашите кошаркари по стартните два порази се вратија фуриозно и триумфираа против Србија со 89:75 и ја остварија првата победа на Евробаскетот во Словенија.
Нашите беа предводени од одличниот Лестер Мекејлеб со 27 поени и Перо Антиќ со дабл од 16 поени и 14 скока. Кај Србите Анѓушиќ забележа 19 поени.
Со овој триумф нашите ги зголемија шансите за пласман во второто коло, а за тоа ќе ни биде потребна победа против Босна во недела во 14:30.