Голем интерес за Параолимписките игри во Лондон

Од:

Организаторите на Параолимписките игри во Лондон денеска соопштија дека продале рекордни 2,1 милион билети.

Популарноста на Олимписките игри во Лондон се преслика и на Параолимписките игри, така што минатиот месец се продадени повеќе од 600.000 билети за настанот, кој ќе трае од 29 август до 9 септември.

Да продадете толку голем број карти за Параолимписките игри три недели пред отворањето е апсолутно фантастично и покажува ненаситен апетит на јавноста за врвен спорт, се наведува во соопштението на претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет Филип Каверн.

Орагнизаторите планираат да продадат 2,5 милиони влезници.

Почетоци на Параолимписките игри се натпреварувањата на 16 повредени ветерани од Втората светска војна пред 64 години во болницата Сток Мендевил во јужниот дел на Англија. Првата Параолимпијада е одржана 12 години подоцна во Рим.

Билетите за параолимписките натпреварувања во атлетика и пливање веќе се распродадени.

На Параолимпискиет игри ќе учествуваат околу 4.200 спортисти, а 16 земји ќе дебитираат на Игрите, меѓу кои Северна Кореја и Демократска Република Конго.

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?