Олимпискиот тениски турнир ќе биде значително ослабен, бидејќи играчите масовно ги откажуваат своите настапи во Рио де Жанеиро поради страв од Зика вирусот.
Последно во серијата на откажување пристигна од Каролина Плишкова, 16-та светска тенисерка.
– Ги замолувам сите мои фанови да ми простат, но веќе донесов одлука да ги пропуштам Олимписките игри. Причината е иста како и на Бердих, се плашам од вирусот Зика и последиците што може да донесе инфекцијата, порача чешката тенисерка и сонародничка на Томаш Бердих.
Претходно учеството на Олимпијадата во Бразил го откажа и романската тенисерка Симона Халеп, како и тенисерите: Томаш Бердих, Милош Раониќ, Ник Кирјос, Бернард Томиќ, Иво Карловиќ, Џон Изнер, Сем Квери, и Доминик Тим.