Во НБА лигата ноќеска се одиграа девет натпревари,а најголемото изненадување го направи тимот на Лос Анџелес Лејкерс кој дури со 20 поени разлика го совлада еден од главните фаворити за трофејот и финалист од последната сезона, екипата на Голден Стејт.
На овој меч беше прекината серијата на Стеф Кари кој по 157 натпревари во дресот на Голден Стејт, не успеа да реализира удар за три поени.
Постигнати резултати:
Вашингтон – Атланта 95:92,
Бруклин – Шарлот 95:99,
Торонто – Мајами 96:87,
Чикаго – Њујорк 104:117,
Мемфис – ЛА Клиперс 88:99,
Њу Орлеанс – Феникс 111:112 (по продолжение),
Далас – Портланд 95:105,
Јута – Сан Антонио 86:100,
ЛА Лејкерс – Голден Стејт 117:97.