Актуелниот НБА шампион Голден Стејт го задржа максималниот ефект и по пет одиграни натпревари во новата сезона, откако ноќеска го совлада ЛА Клиперс, иако во последната четвртина имаше двоцифрена негатива.
Со стопроцентен учинок е и тимот на Торонто по гостинската победа кај Оклахома.
Резултати на десетте НБА натпревари одиграни ноќта меѓу среда и четврток:
Индијана – Бостон 100:98,
Вашингтон – Сан Антонио 102:99,
Атланта – Бруклин 101:87,
Кливленд – Њујорк 96:86,
Хјустон – Орландо 119:114,
Милвоки – Филаделфија 91:87,
Оклахома Сити – Торонто 98:103,
Феникс – Сакраменто 118:97,
Јута – Портланд 92:108 и
Голден Стејт – ЛА Клиперс 112:108.
Вечер се играат пет натпревари.