Голден Стејт се пласира во конференциското полуфинале

Од:

Шампионот во НБА лигата Голден Стејт е третиот тим што се пласира во втората фаза од плејофот.

Откако пласман во полуфиналето на Западната конференција обезбедија Сан Антонио и Оклахома, тимови кои ќе играат меѓусебно, тоа ноќеска го направи и Голден Стејт.

Иако настапија без својот најдобар играч Стив Кари кој е повреден, сепак „Воините’’ забележаа триумф над Хјустон со 114:81 и со конечни 4-1 во победи се пласираа во полуфиналето на западот.

А, во него ќе играат со подобриот од дуелот меѓу ЛА Клиперс – Портланд во кој Портланд води со 3-2 во победи, откако синоќа славеше триумф на гостински терен 108:98. Гостите го искористија отсуството на повредените Крил Пол и Блејк Грифин и за првпат поведоа во серијата. Дамиан Лилард 16 од своите 22 поена ги постигна во последната четвртина.

Гостинска победа за предност од 3-2 во победи оствари и екипата на Шарлот која во Мајами славеше со 90:88.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on