Кошаркарите на Голден Стејт со максимални 4-0 во победи го елиминираа Њу Орлеанс и се пласираа во полуфиналето на Западната конференција од НБА плеј-офот.
Тоа не му успеа на Чикаго кој не ја искористи првата меч-топка на пресметката со Милвоки.
На прагот од полуфинале е и Мемфис по победата над Портланд.
Во четвртиот ноќешен дуел од разигрувањето за титулата прв пораз забележа Атланта во серијата со Бруклин.
Постигнати резултати:
Њу Орлеанс – Голден Стејт 98:109 (0-4 во победи),
Милвоки – Чикаго 92:90 (1-3),
Портланд – Мемфис 109:115 (3-0) и
Бруклин – Атланта 91:83 (1-2).