Голден Стејт поведе во финалето на „Западот“ против Хјустон

Од:

Кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 1-0 во финалето на Западната конференција откако ноќеска во првиот натпревар го победија Хјустон со 110:106.

Најдобриот домашен играч Стефен Кари постигна 34 поени и беше најефикасен на дуелот.

Хјустон предноста од 16 поени (49:33) од средината на вториот период ја испушти по серијата од 25:6 на Голден Стејт и до крајот на полувремето водеше домашниот тим. Шон Ливингстон од Голден Стејт 14 од своите 18 поени ги постигна во вториот период.

Во второто полувреме домашниот тим водството не го испушти во ниту еден момент. Џејмс Харден со 28 поени, 11 скокови и девет асистенции беше најдобриот во тимот на ХЈустон.

Следниот натпревар исто на теренот на Голден Стејт се игра во утре вечер, додека вечерва е првиот натпревар од финалето на „Истокот“ меѓу Атланта и Кливленд.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on