Голден Стејт почна со победа, Кари се повреди

Од:

Кошаркарите на првакот на НБА лигата Голден Стејт со победа на домашен терен го почнаа плеј офот и одбраната на титулата. Фуриозниот старт на „воините“ им донесе предност уште во првиот период од 33:15, а Стеф Кари постигна 16 поени во тој дел од играта.

Расположениот бек дуелот го заврши со 24 поени и 20 минути игра откако кон крајот на вториот период се пожали на болка во скочниот зглоб. Проба да игра и во вториот дел. но мина само три минути на теренот. Неизвесен е неговиот настап на следниот натпревар што се игра во понеделник.

Најнеизвесно беше на дуелот во Атлната каде Бостон загуби со само еден поен разлика. Шампионот Голден Стејт и тимот на Оклахома Сити славеа убедливи победи, додека Индијана го направи единствениот брејк со триумфот на теренот на Торонто.

Постигнати резултати:

Торонто – Индијана 90:100,
Голден Стејт – Хјустон 104:78,
Атланта – Бостон 102:101 и
Оклахома – Далас 108:70.
Вечерва се играат првите натпревари на Западот:
Кливленд – Детроит,
Мајами – Шарлот,
Сан Антонио – Мемфис и
ЛА Клиперс – Портланд.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on