Голден Стејт на една победа до шампионската титула

Од:

Екипата на Голден Стејт се наоѓа на чекор до освојување на шампионската титула откако ноќеска пред своите навивачи го победи Кливленд со 104:91 (22:22; 29:28; 22:17 и 31:24) и сега води со 3-2 во добиени натпревари.

Дуелот беше изедначен и домашните во последните минути ја создадоа предноста која им донесе победа. Екипите дури 20 пати се менуваа во водството и резултатот беше 10 пати изедначен.

Стефан Кари постигна 37 поени кај Голден Стејт (седум тројки), додека кај Кливленд Леброн Џејмс имаше „трипл дабл“ 40 поени, 14 скокови и 11 асистенции, но без ефект.

Следниот натпревар од финалната серија број 6 се игра во вторник вечер на теренот на Кливленд.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on