Голден Стејт му се реваншира на Портланд

Од:

Актуелниот шампион Голден Стејт славеше победа над Портланд со 128:112 во еден од десетте натпревари одиграни натпревари ноќеска во НБА лигата. Клеј Томпсон со 37 и Стеф Кари со 34 поени беа најзаслужни за победата на „Воините“ со која тие им се реваншираа на Портланд за убеливиот пораз пред неполн месец кога загубија од „Блејзерси“со 137:105.

Со тројката на Рики Рубио постигната со звукот на сирената Минесота славеше победа на гостувањето кај Оклахома Сити 99:96. Неизвесно беше и на дуелот во Мемфис каде домашниот тим до победата над Њу Орлеанс од 121:114 стигна по проидолжението откако регуларниот дел заврши нерешено 99:99.

На останатите натпревари одиграни ноќеска, беа постигнати овие резултати: Шарлот – Детроит 118:103, Филаделфија – Бруклин 95:89, Бостон – Хјустон 98:102, Чикаго – Мајами 96:118, Јута – Вашингтон 114:93, Сакраменто – Орландо 100:107, Лос Анџелес Клиперс – Њујорк 101:94.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on