Кошаркарите на Голден Стејт го изедначија резултатот во победи на 2-2 во финалето од НБА лигата откако ноќеска како гости го совладаа Кливленд со 103:82 (31:24; 23:18; 22:28; 27:12). Тие воедно ја постигнаа и највискоката победа во финалната серија.
Голден Стејт водството го имаше во текот на целиот натпревар, а Кливленд единствено успеа во финишот на третиот период да намали на три разлика (73:70).
Стеф Кари и Андре Игудала со по 22 поена беа најефикасни во победничката екипа, додека Леброн Џејмс кај Кливленд реализираше 20 поени, а најефикасен на дуелот беше Тимофеј Мозгов со 28 поени. Во редовите на Кливленд потфрли Џеј Ар Смит, кој постигна 4 поени со шут за „тројка“ 0 од 8.
Натпреварот број 5 се игра на теренот на Голден Стејт во недела навечер, а за освојување на шампионската титула на еден од тимовите му се потребни уште две победи.