Вкупната сума предвидена за награди на тенискиот Грен Слем „Ролан Гарос“ ќе изнесува 22 милиони евра. Организаторите на турнирот во Париз одлучија наградниот фонд да биде зголемен за три милиони евра во споредба со минатата година.
Зголемена наградата ќе добијат и победниците во машка и во женска конкуренција. За шампионите на тениските терени во Париз предвидени со по 1,5 милиони евра или 250 илјади повеќе од 2012 година.
Организаторите планираат да продолжат со зголемувањето на паричните награди и во наредните години така што во 2016 година вкупниот награден фонд би изнесувал 32 милиони евра.
Отвореното првенство на Франција ќе се одржи од 26 мај до 9 јуни.