Два дена притвор доби 19-годишниот фан на Кристијано Роналдо, Роналд Ѓука. Младиот приврзаник се појави на теренот на контролниот меч Реал – Челзи во Мајами и го прегрна својот португалски идол.
По неговото апсење, Ѓука раскажал дека со години сонува да го види Роналдо и да го добие неговиот дрес. Американецот помина 48 часа во притвор, по што беше ослободен.
Медиумите го пречекаа фанот како херој, а тој призна дека тоа што го направил вредело и дека пак би го повторил тоа.