Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија Стојан Ѓуроски до крајот на сезоната ќе го носи дресот на екипата на Блокотехна од Гевгелија.
По заминувањето од тимот на Карпош Соколи, играчот беше без ангажман откако неговиот претходен клуб имаше финансиски проблеми. Желбата на играчот беше да настапува во странство, но ќе остане да игра во македонската лига.
Ѓуроски по вторпат во својата кариера ќе настапува во тим од Гевгелија, откако пред неколку сезони го носеше дресот на Кожув.