Ѓорѓиоски: Очекувам подобри резултати во квалификациите

Од:

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски рече дека би бил задоволен со освојување на третото место во квалификациската група за Светското првенство 2018 во Русија.

– Очекувам дека ќе имаме многу попозитивни резултати во следните квалификации, без разлика на силните противници во групата. Шпанија и Италија се апсолутни фаворити, би бил задоволен доколку се пласираме пред Израел и Албанија. Ние сме сервис на А репрезентацијата, како федерација создаваме услови за нормално функционирање на репрезентацијата. Се обидуваме да им ги овозможиме најдобрите услови, секако не ги забораваме и останатите селекции, изјави Ѓорѓиоски во првото издание од емисијата „Куќа на фудбалот“.

Тој во интервјуто се осврна и за состојбата во која се наоѓа македонскиот фудбал.

– Бев свесен за состојбата во која се наоѓа македонскиот фудбал. Причината за состојбата во која денеска се наоѓа А репрезентацијата е смената на генерации. Една од главните причини е непосветеноста на младинскиот фудбал во минатото и неможноста за создавање квалитетни фудбалери кои ќе ни донесат резултат. Но, не бегаме од одговорноста. Се обидуваме да направиме чекори за да ја подобриме состојбата во А националниот тим. Јавноста секогаш не гледа низ призма на А репрезентацијата. Мораме да бидеме задоволни од резултатите на останатите селекции, пред се од репрезентацијата до 21 година и селекциите до 19 и 17 години, додаде првиот човек на ФФМ.

Ѓорѓиоски упати отворена покана за разговор до сите македонски фудбалски легенди, како што рече, доколку на вистински начин сакаат да придонесат за подобрување на состојбите во македонскиот фудбал.

За вложувањата во инфраструктурата, тој посочи дека најголемо признание стигна од УЕФА преку добиената доверба за организација на европскиот Суперкуп во 2017 година.

– Добивањето н аорганизацијата на Суперкуп 2017 не е само моја заслуга. Лобирањето е многу важно, но голема заслуга за Суперкупот на Уефа имаат Општинските сојузи, Градот Скопје, администрацијата во ФФМ и државните институции. Од настанот кој го следат милиони луѓе сите во нашата држава ќе имаат бенефит.

Претседателот на ФФМ најави промена на системот на натпреварување во Првата и Втората лига.

Би можело да ве интересира

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

ФФМ: Длабоко сме загрижени и го осудуваме националистичкo скандирањe на Мирлинд Даку

Горан Наумовски

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

A1on

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија