Ѓорческа загуби во финалето во Торино

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со пораз ги заврши настапите на фјучрсот во италијанскиот град Торино. Таа денеска не успеа да стигне до трофејот во поединечна конкуренција, откако загуби од својата партнерка во двојки, Далила Јакупович.

Словенечката тенисерка до победата дојде по 7:5 во првиот и 6:4 во гемови во вториот сет.

Македонката со пласманот во финалето ќе заработи нови поени и ќе напредува на листата.

За потсетување, Ѓорческа во тандем со Јакупович го освоија трофејот на овој турнир.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен