Ѓорческа со пресврт се избори за финалето на фјучрсот во Торино

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да избори пласман во уште едно финале во поединечна конкуренција. Таа во полуфиналето ја победи втората носителка Монсерат Гонзалез од Парагвај со 2-1 во сетови за два часа игра, иако ривалката водеше со 1-0 во сетови.

Ѓорческа уште еднаш покажа карактер и успеа да го добие мечот откако Гонзалез го доби првиот сет со 6:4 во гемови. Во вториот сет Ѓорческа водеше со 5:3 и имаше сервис за да го добие сетот, но противничката направи серија од три гема за водство од 6:5. Сепак Ѓорческа успеа да стигне до тај брејк што го доби на поени со 8:6. Во решавачкиот сет нашата тенисерка доминираше и на ривалката не и дозволи ниту една шанса за да го добие сетот, кој нашата тенисерка го доби со 6:3.

Утре во финалето ќе игра против Далила Јакупович од Словенија, со која попладнево заедно ќе го играат и финалето во конкуренција на двојки.

Наградниот фонд на турнирот во Торино што се игра на земјена подлога е 25.000 долари.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен