Ѓорческа со нов најдобар ранг во конкуренција на двојки

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа нов најдобар ранг во конкуренција на двојки на ВТА листата. Таа со 261 поен оваа недела се наоѓа на 234 место со што го подобри пласманот за 13 позиции, откако и беа „запишани“ 30 поени за поразот во финалето на турнирот во Ходмезовашархељ.

Но, на следното рангирање таа ќе има пад бидејќи минатата година во истиот период победи на турнир во Галаци, а сега беше повторно „само“ финалистка во Падова. Од таа причина ќе загуби 20 поени.

Ѓорческа и во сингл конкуренција е на чекор до својот најдобар ранг и сега се наоѓа на 267 место (најдобар ранг 266) со 169 поени и има скок од пет места. Но, следната недела и во поединечна конкуренција ќе има пад бидејќи во Падова не успеа да ги одбрани 18 поени од ланското полуфинале во Галаци. Таа оваа недела ќе настапува на фјучрс турнир во Сегед со награден фонд од 50.000 долари.

Од македонските тенисерки пласман во двете конкуренции има и Магдалена Стоилковска, која во сингл се врати на ВТА листата со 3 поени е на 1.257 место, а во двојки е на 1.023 место со 14 поени.

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен