Ѓорческа се пласира во четвртфиналето на ИТФ турнирот во Унгарија

Од:

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа обезбеди пласман во четвртфиналето од силни ИТФ турнир кој се одржува во унгарискиот град Ходмезевашархељ.

Во мечот од осминафиналната рунда на турнирот вреден 25.000 долари, Ѓорческа за противничка ја имаше белоруската тенисерка Вера Лапко која ја победи со 2-1 во сетови.

Имено, Ѓорческа го загуби првиот сет со 6:3, но прекинот кој следуваше поради дожд, добро и дојде на македонската тенисерка.

Во продолжение Ѓорческа заигра на посакуваното ниво, па вториот и третиот сет ги доби со 6:4 и 6:3 со што се пласира во четвртфиналето.

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен