Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се избори за четвртфинале на фјучрсот во Тунис што се игра за награден фонд 60.000 долари. Таа денес за само 52 минути ја совлада квалификантката Јулија Вулпио од Франција со 2-0, по сетови 6:3 и 6:0.
Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против победничката од мечот меѓу шпанските тенисерки Силвија Солер-Еспиноза (4.носителка) и Георгина Гарсија Перез.