Ѓорческа продолжува да го подобрува пласманот на ВТА листата

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пробие меѓу 150-те најдобри на ВТА листата во двојки. Таа на денешното рангирање се најде на 146 место откако и беа запишани 150 нови поени освоени на турнирите во Сен Мало (Франција) и во Добрич (Бугарија).

Македонката која претходната недела беше 175-та сега има вкупно 491 поен.

И во сингл конкуренција таа има скок и сега со вкупно 249 и се наоѓа на 210 место (претходно беше 222).

Напредок на ВТА листата има и Магдалена Стоилковска. Таа се наоѓа на 1155 место во сингл (беше 1197) и на 1060 место во двојки или три места подобро од претходното рангирање.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен