Ѓорческа поразена во второто коло на фјучрсот во Софија

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на фјучрсот во Софија откако во вториот денешен меч загуби од Катинка Вон Дајхман од Лихтенштајн во три сета со 2-1. Ова за нашата тенисерка денеска беше втор меч откако најпрвин ја победи Кимберли Цимерман од Белгија во продолжението на мечот од првото коло со 2-1 во сетови. За пласманот во 2.коло Ѓорческа ќе освои 5 поени.

Инаку, во дуелот во Вон Дајхман нашата тенисерка поведе со 1-0 откако го доби првиот сет со 6:4 во гемови, но потоа ривалката го доби вториот сет со 6:3 во гемови, а во решавачкиот сет се водеше голема борба. Ѓорческа успеа да спаси неколку меч топки, но најверојатно поради замор немаше сили за комплетен пресврт во решавачкиот сет, кој го загуби си 6:4 во гемови.

Ѓорческа продолжува со настапот на турнирот во двојки, откако со Викторија Томова од Бугарија го добија четвртфиналето без борба попладнево ќе играат во полуфиналето против Жаклине Адина Кристијан и Николета-Каталина Даскалу од Романија.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен