Ѓорческа поразена во финалето во двојки на фјучрсот во Софија

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Викторија Томова од Бугарија го загубија финалето во двојки на фјучрсот во Софија (награден фонд 25.000 долари). Македонско-бугарската комбинација е поразена од првите носителки Валентини Граматикопулу (Грција) и Куерин Лемони (Холандија).

Првиот сет првите носителки го добија со 6:4 во гемови, а во вториот сет истиот резултат во гемови беше во корист на Ѓорческа и Томова. Во решавачкиот беше 10:6 на поени за Граматикопулу – Лемони. За пласманот во финалето нашата тенисерка ќе добие 30 поени.

Следната недела Ѓорческа е пријавена за настап на фјучрсот во Добрич, Бугарија што се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен