Ѓорческа почна со две победи на фјучрсот во Сегед

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да постигне две победи на стартот на фјучрсот во Сегед (награден фонд 50.000 долари).

Во поединечна конкуренција таа ја победи Стефани Фог (Лихтенштајн) со 2-0 во сетови. Првиот сет го доби со 6:3 во гемови, а во вториот беше 7:6 (8:6) искористувајќи ја четвртата меч топка. Во второто коло Ѓорческа ќе игра против Исалине Бонавентуре од Белгија (4.носител) од која загуби претходната недела на фјучрсот во Падова.

Во конкуренција на двојки, Ѓорческа со Романката Кристина Дину (2.носителки) ги победија Елени Данилиду (Грција) и Бојана Маринковиќ (Србија) со 6:2; 3:6 и во решавачкиот сет 10:4 на поени. Во четвртфиналето утре ќе играат против тенисерките од Унгарија Далма Галфи и Река-Лука Јани.
Двата меча од 2.коло во сингл и четвртфиналето во двојки Ѓорческа ги игра денеска.

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен