Ѓорческа победи во продолжението за пласман во второто коло

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во второто коло на фјучрсот во Софија (награден фонд 25.000 долари). Таа претпладнево во продолжението на мечот од 1.коло ја победи Кимберли Цимерман од Белгија.

Ѓорческа беше поуспешна со 2-1 во сетови (6:7; 6:1 и 6:2). Мечот вчера беше прекинат поради дожд во третиот сет при резултат 1-1 во сетови и 1:1 во гемови што значи дека денеска нашата тенисерка загубила само еден гем. Ѓорческа денеска ќе одигра уште најмалку еден меч во поединечна конкуренција,а нејзина ривалка ќе и биде Катинка Вон Дајхман од Лихтенштајн.

Доколку дозволат временските услови нашата тенисерка ќе треба да игра и меч во игра на двојки.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен