Ѓорческа најдобра и во поединечна конкуренција на фјучрсот во Тарсус

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја потврди улогата прва носителка на фјучрсот во турскиот град Тарсус откако по вчерашниот тирумф во двојки денеска победи и во поединечна конкуренција. Таа во финалето со 6:2 и 6:4 во сетови ја победи Ленка Виенерова од Словачка.

Ова беше втор меч на двете тенисерки и Ѓорческа има две победи. Ова за Ѓорческа е трета победа во поединечна конкуренција: Арад – Романија (2012 година) и Варна – Бугарија (2014 година).

Нашата тенсиерка одлично го почна финалето и со два брејка поведе со 3:0 во првиот сет. Противничката намали на 3:2, но Ѓорческа повторно направи серија од три гема и сетот го доби со 6:2. Во вториот сет првиот брејк за водство од 2:1 го направи Ѓорческа, која потоа и водеше со 3:1, но Виенерова имаше три гема во серија за водство од 4:3. Сепак Ѓорческа не дозволи противничката да го освои сетот и ги доби следните три гема за 6:4 во сетот.

Нашата тенисерка имаше пет брејка во мечот, за разлика од два на Виенерова.

Ова беше четврто „сингл“ финале за Ѓорческа,а имаше три порази два на турнири во Бол и еден на турнир во Шарм Ел Шеик.

За победата на турнирот Ѓорческа ќе освои нови 12 поена и ќе го подобри својот пласман особено со 18-те поени од минатонеделниот турнир во Галаци. Следната недела Ѓорческа е пријавена за настап на фјучрс во Прокупље, Србија.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ