Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да победи во полуфиналето на фјучрсот во Арад, Романија. Таа денеска ја совлада Ема Микулчиќ од Хрватска со 2:0 во сетови.
Ѓорческа го доби првиот сет против осмата носителка на турнирот со 6:4, додека во вториот сет дури во тај брејкот Ѓорческа успеа да стигне до триумфот.
Македонската тенисерка на турнирот е рангирана како шеста носителка и ја брани титулата освоена минатата година.
Нејзина ривалка во финалето ќе и биде 16-годишната Анастасија Комардина (Русинка), која денеска со 2:0 (6:4 и 6:4) ја победи во полуфиналето Романката Јоана Лореанда Роска.