Ѓорческа и Грабул повторно на терен

Од:

Лина Ѓорческа и Димитар Грабул денеска повторно ќе бидат на терен во рамки на настапите на фјучрс турнирите.

Ѓорческа во Арад, Романија (каде лани победи на турнирот) во 1.коло за противничка ја има квалификантката од Словачка Барбара Котелешова. Нашата тенисерка на турнирот настапува како 6.носител.

По успешниот настап вчера и победата над вториот носител Јаник Ројтер од Белгија, Димитар Грабул денеска повторно ќе игра со домашен тенисер на фјучрсот во Еупен. Противник во 2.коло му е „должникот“ од претхдониот турнир Жулиен Дубе, од кога загуби со 2:1 во сетови, а има два пораза во двата меча.

Томислав Јотовски денеска нема настап и ќе го очекува ривалот за 2.коло.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ