Лина Ѓорческа, најдобрата македонска тенисерка не успеа да триумфира на турнирот во Арад, Романија.
Таа денеска е поразена од Русинката Анастасија Комардина со 2:0 во сетови.
Противничката ги искористи поголемиот број брејк можности во мечот и го реши во своја корист со 6:3 и 6:2.
Ѓорческа со поразот ја пропушти можноста да ја одбрани титулата освоена лани на истиот турнир.
Нашата тенисерка за пласманот во финалето освои 10 поени.