Македонската тенисерка Лина Ѓорческа заедно со нејзината партнерка Изабела Шиникова од Бугарија триумфира во игра на двојки на фјучрсот во Добрич.
Ѓорческа заедно до домашната тенисерка како први носителки ги победија Лаура Шедер (Германија) и Менали Стоке (Норвешка) со 2-1 во сетови.
Првиот сет по голема борба им припадна на Шедер-Стоке со 7:6 во тај брекот беше 15:13 на поени. Во вториот сет Ѓорческа и Шиникова беа поуспешни со 6:2, а во решавачкиот беше 10:6 на поени.
За Ѓорческа е петта турнирска победа во двојки во 2016 година, а трета на турнир од овој ранг. За победата нашата тенисерка ќе освои 50 поени.
На истиот фјучрс Ѓорческа денеска загуби во полуфиналето од нејзината партнерка од двојки Шиникова со 2-1 во сетови.