Ѓорческа без проблем до полуфиналето на фјучрсот во Франција

Од:

Македонската тенсиерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во францускиот град Денен, откако денеска во првиот четвртфинален меч со само четири загубени гема ја победи Чихиро Марамацу од Јапонија.

Резултатот по гемови беше 6:3 и 6:1 за нашата тенисерка.

Единствената неизвесност во мечот беше кога по водството на Ѓорческа од 4:1 во гемови во првиот сет, противничката намали на 4:3 и имаше водство од 30:0 на свој сервис. Но, нашата тенисерка направи две серии од по четири гема и го доби мечот на убедлив начин.

Ѓорческа, која е прва носителка на турнирот (награден фонд 25.000 долари), утре во полуфиналето ќе игра против победничката од дуелот на француските тенисерки Менон Арканжоли и Одре Алби.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ