Ѓоковиќ втор во историјата на тенисот кој поминал 300 недели на првата позиција на АТП рангирањето

Од:

Седумнаесеткратниот победник на Грен слем турнирите Новак Ѓоковиќ денес ја започна својата 300. недела на лидерската позиција на АТП ранг-листата.

Србинот е втор тенисер во историјата на тенисот со вакво достигнување. Пред него, само Швајцарецот Роџер Федерер има 300 седмици како прв светски рекет. Федерер успеа да се задржи на првото место вкупно 310 недели.

Ѓоковиќ е на добар пат да го сруши рекордот на Федерер. Тоа најрано може да се случи на 8 март 2021 година.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест