Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ се пласира во осминафиналето на тениското првенство во Австралија откако во интересен и цврст меч го елиминира во 3 сета Радек Степанек со 6:4, 6:3, 7:5.
Интересно е дека ова му беше 300-та победа на Ноле на цврста подлога и на турнирот досега не дозволи противниците да му направат ниту еден брејк.