Српскот тенисер, Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на завршницата во Дубаи, совладувајќи го Хуан Мартин Дел Потро.
Ѓоковиќ беше подобар од Дел Потро во два сета 2:0 (6:3, 7:6), и му беше потребен еден час и 7 минути игра да стигне до нова победа.
Во финалето Ѓоковиќ ќе се сретне со подобриот од дуелот Томаш Бердих и Рожер Федерер, кој го брани пехарот од минатата година.
Доколку најдобриот тенисер на светот го освои овој турнир тоа ќе биде четврти пат да крене трофејот.