Ѓоковиќ со победа над Сунва Квон го започна походот кон седмата титула на Вимблдон

Од:

Третиот играч во светот го совлада 81. на АТП листата со резултат 3-1 во сетови (6:3, 3:6, 6:3, 6:4), по два часа и 27 минути игра.

Ѓоковиќ го победи Квон и во вториот нивен меѓусебен меч, по оној во Белград лани, а во следното коло ќе игра против подобриот од дуелот Кокинакис – Мајхсак.

Новак до триумфот дојде со многу повеќе мака од очекуваното против играчот кој не е познат по особено добрата игра на тревата.

Квон му направи најмногу проблеми на српскиот ас во вториот сет, кој го доби, и во првиот дел од третиот сет, кога пропушти шанса дополнително да ги искомплицира работите.

Сепак, Ѓоковиќ, иако видно незадоволен од неочекуваните тешкотии, успеа да остане смирен, да направи навреме брејк во третиот сет и да избегне дополнителни проблеми. Четвртиот сет беше решен релативно рутински.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

„Тоа не треба да ме прашувате за Новак“: Францускиот тенисер изненададен

А1он

Усташки симбол преку лицето на Новак Ѓоковиќ

А1он

ВИДЕО: Се појави видеото од водителот кој го навреди Ѓоковиќ и српските навивачи