Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон

Од:

Новак Ѓоковиќ (2. АТП) се пласираше во финалето на третиот Грен слем турнир во сезоната Вимблдон, откако во денешното полуфинале со сигурни 3:0 во сетови го совлада италијанскиот тенисер Лоренцо Музети (25. АТП).

Неверојатно, Ѓоковиќ стигна до финалето на Вимблдон само 37 дена по операцијата на коленото на која беше извршена кај специјалист во Париз, поради која никој не ни веруваше дека ќе настапи во Лондон.

Ѓоковиќ пред денешниот меч имаше три дена одмор, бидејќи без борба четвртфиналниот дуел му го предаде Алекс Де Минаур, кој го повреди коленото.

Ѓоковиќ во првиот сет од денешниот меч го скрши отпорот на Музети во шестиот гем, кога му го одзеде сервисот и дојде до 4:2, а подоцна не го поколеба ниту повратниот брејк на Музети, бидејќи успеа да слави со 6:4. и да поведе во овој натпревар.

Вториот сет му доносе проблеми на Србинот, бидејќи Музети веднаш го зема својот сервис и стигнува до 2:0, но Ѓоковиќ по којзнае кој пат ја покажа менталната сила и брзо возврати и потоа стигна до 7:6 во тај-брејкот.

Во третиот сет Ѓоковиќ прилично лесно ја заврши работата, бидејќи рано направи брејк предност, а потоа со сигурна игра ја сочува и при резултат 5:3 имаше три меч топки на сервис на Музети.

Сепак, Италијанецот ги освои следните пет поени и намали на 5:4, а потоа Ѓоковиќ на свој сервис стигна до победа од 6:4 за конечни 3:0 во сетови.

Големото финале на Вимблдон е закажано за в недела од 15 часот, каде Ѓоковиќ ќе се сретне со Карлос Алкараз, младиот Шпанец кој претходно денеска го победи Данил Медведев со 3:1.

Алкараз ќе ја брани шампионската титула, додека Ѓоковиќ ќе се обиде да го врати трофејот во раце и по осми пат да стане најдобар на Вимблдон.

Би можело да ве интересира

Колку ќе заработи Ѓоковиќ од олимпискиот златен медал

Предраг Петровиќ

Србија има медал во Париз: Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Олимписките игри

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ го декласираше Надал и му го нанесе најтешкиот пораз во кариерата на париската земјена подлога

ВИДЕО: Алкараз доминантен против Ѓоковиќ, ја одбрани титулата на Вимблдон

Медведев го исфрли Синер од Вимблдон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Трет пат ме прашуваш истото: Новак замина сред интервју на ББС