Ѓоковиќ се пласира во осминафинале на Ролан Гарос

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со многу сигурна и рутинска игра се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос.

Првиот носител на турнирот во Париз во три сета беше подобар од Словенецот Аљаж Бедене со резултат 6:3, 6:3, 6:2.

Во следното коло ќе игра против Аргентинецот Диего Шварцман, кој претходно во текот на денот убедливо со 3:0 (6:3, 6:1, 6:2) го победи Бугаринот Григор Димитров.

Интересна беше најавата на официјалниот спикер на стадионот „Филип Шатрије“, кој го најави Ѓоковиќ со зборовите:

„Бранител на титулата, најдобар играч во светот кој доаѓа од Србија“.

По почетните разменети гемови, Ѓоковиќ стигна до брз брејк и веќе беше решен првиот сет.

Сервисот фантастично му служеше на Србинот, но и длабоките удари со кои го контролираше ривалот од другата страна на мрежата и по 35 минути поведе во сетови.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

„Тоа не треба да ме прашувате за Новак“: Францускиот тенисер изненададен

А1он

Усташки симбол преку лицето на Новак Ѓоковиќ

А1он

ВИДЕО: Се појави видеото од водителот кој го навреди Ѓоковиќ и српските навивачи