Ѓоковиќ преку анонимен Американец стигна до третото коло на УС опен

Од:

Во второто коло на Отвореното првенство на САД, Новак Ѓоковиќ славеше против американецот Закари Свајда со резултат од 3:1 (6:7, 6:3, 6:3, 6:1).

Првиот сет покажа дека ова нема да биде натпреварот на кој Новак се надеваше: имаше повеќе неизнудени грешки отколку директно освоени поени (14:12), а само 53% од првиот сервис беше ставен на вистинското место.

И кога стигна до тај-брејкот, аутсајдерот кој е на 145-та позиција на АТП листата стигна до предност од 1-0 во сетови.

Свајда се пожали на повредата на крајот од вториот сет, го повика физиотерапевтот. Имаше болки во десната бутина. Ѓоковиќ доби брејк во шестиот гем, што беше доволно за да го скрши неговиот отпор и да слави со 6:3 за израмнување на 1:1 во сетови.

Американецот кој дојде од квалификациите се разбуди. Во третиот сет водеше со 3:1 во сетови, но тоа беше сè што покажа во продолжение на мечот.

Ноле веднаш го врати брејкот. Израмни пет гема по ред и со тоа стигна до 2-1 во сетови, овој сет го доби со 6:3.

Во четвртиот сет, Ѓоковиќ му даде на својот ривал да освои само еден гем и заслужено се пласираше понатаму.

Би можело да ве интересира

Мусети го предаде мечот, Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето

Ѓоковиќ обезбеди осминафинале на Австралија опен со рекордна 400 та победа на гренд слем турнирите

А1он

„Играм против Ѓоковиќ, загрижен сум“ – Холанѓанецот го победи Новак во претходниот натпревар

А1он

Новак Ѓоковиќ го победи Педро Мартинез за 100-та победа на Австралија Опен и се пласираше во второто коло

Ѓоковиќ пред АО: Го намалувам притисокот врз себе, не е „сега или никогаш“

А1он

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

А1он