Ѓоковиќ пред АО: Го намалувам притисокот врз себе, не е „сега или никогаш“

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пред почетокот на Австралија Опен изјави дека многу се зборува за потенцијално освојување на 25-от Гренд Слем трофеј во неговата кариера и додаде дека сака малку да го намали притисокот врз себе.

Десеткратниот шампион од Мелбурн го игра својот натпревар од првото коло против Шпанецот Педро Мартинез во понеделник наутро по македонско време.

„Одлично е што сум повторно тука. Ова ми е 21-ви пат, што е неверојатно. Првпат се квалификував за грен слем тука во 2005 година, долго и успешно патување“, рече 38-годишниот Ѓоковиќ.

На прашањето дали конечно е ова моментот кога ќе го освои 25-от трофеј од Гренд слем во кариерата, Ѓоковиќ рече дека е фокусиран на она што го постигна и сака да го намали притисокот.

„Многу се зборува за 25-ти Гренд слем, но јас сум повеќе фокусиран на она што веќе сум го постигнал, 24 не е лоша бројка. Сакам малку да го отстранам притисокот од себе. Секогаш има притисок, но не сакам да го имам или да го чувствувам тој менталитет „сега или никогаш“. Знам дека кога сум здрав и кога ќе ја составам сложувалката, можам да победам секого“, додаде тој.

Минатата сезона, сите четири Гренд слем турнири ги освоија Јаник Синер и Карлос Алкараз, кои моментно доминираат во светскиот тенис.

„Знам дека Синер и Алкараз се на различно ниво во споредба со другите, но тоа не значи дека никој друг нема шанса“, заклучи Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Новак Ѓоковиќ: Се надевам дека ми остана енергија за Алкараз

А1он

Новак Ѓоковиќ избори финале на Австралија опен

А1он

Мусети го предаде мечот, Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето

Ѓоковиќ обезбеди осминафинале на Австралија опен со рекордна 400 та победа на гренд слем турнирите

А1он

Синер, Мусети и Шелтон во осминафинале на Австралија опен

А1он

„Играм против Ѓоковиќ, загрижен сум“ – Холанѓанецот го победи Новак во претходниот натпревар

А1он