Ѓоковиќ: Подготвен сум да го нападнам и рекордот на Конорс по број на титули

Од:

Новак Ѓоковиќ продолжува да ги испишува златните страници на тениската историја, а од година во година паѓаат недостижните рекорди.

Она за кое никогаш не се зборувало досега е – најмногу освоени титули на АТП – 109 од неверојатниот Џими Конорс.

Новак за прв пат во кариерата признава дека сака да го сруши и тој рекорд:

„Што се однесува до рекордот по бројот на освоени АТП турнири, се е можно. Зошто и јас да не се обидам да го соборам тој рекорд? Сега имам 12 помалку (Новак 97 – Конорс 109) но имам и уште неколку години успешен тенис, и се трудам да уживам во овие моменти кои сега значат и вредат – двојно. Кога ќе ја земете предвид фазата од мојот живот и кариера во која се наоѓам, и да освојам толку голем турнир – иако на луѓето можеби им изгледа рутина, а воопшто не е – секоја победа на Мастерс и Грен слем ниво навистина значи многу за мене.

„Одам на сите можни рекорди, на се што можам да соборам. Никогаш не сум имал проблем да го кажам тоа – И затоа луѓето не ме сакаат; Не се преправав дека сум некој – да кажам дека тоа не ми е целта, а потоа да се однесувам поинаку.. Секогаш се трудев да бидам во склад со она во што верувам, изјави Ѓоковиќ за српски Курир.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон

(ВИДЕО) Трет пат ме прашуваш истото: Новак замина сред интервју на ББС

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло и израмни уште еден рекорд на Ферер

Новак Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон

Предраг Петровиќ

Новак се откажува од Ролан Гарос

Новак не победува на турнири, а предноста ја зголемува на АТП листата

Предраг Петровиќ