Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ оствари нова турнирска победа, откако во Дубаи го совлада Томаш Бердих од Чешка.
Во првиот сет Бердих пружи силен отпор, а имаше и неколку неискористени брејк топки.
Ѓоковиќ мечот го доби во два сета – 7:5 и 6:3. Ова за српскиот тенисер е 36.ти трофеј во неговото 55.то финале. Во меѓусебните дуели против Бердих во 14-тиот меч, Ѓоковиќ ја оствари 13.та победа.
Ова за Ѓоковиќ е четвртта турнирска победа во Дубаи во последните пет години. Претходно во финалните мечеви ги победуваше Давид Ферер (2009 година), Михаел Јужњи (2010) и Рожер Федерер (2011).