Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се квалификуваше во осминафиналето на Австралија Опен, откако го победи Ботик Ван Де Зандшулп од Холандија со 3-0 (6:3, 6:4, 7:6) на патот до својата 11-та титула во Мелбурн.
Ова беше јубилејна 400-та победа на Србинот на гренд слем турнирите.
Роџер Федерер е втор со 369, а Рафаел Надал е трет со 314. Никој нема повеќе од 300!
Српскиот тенисер ја постигна својата 102-ра победа на Австралија Опен. Со тоа, тој го израмни претходниот рекорд на Роџер Федерер на овој турнир.
И двајцата сега имаат по 102, а Новак ќе има шанса да остане сам на врвот во понеделник, против подобриот од дуелот Меншик – Квин.
Зад нив на листата беа Рафаел Надал (77), Стефан Едберг (56) и Енди Мареј (51).
Новак има и 102 победи на Вимблдон, 101 на Ролан Гарос и 95 на Отвореното првенство на САД.