Ѓоковиќ немилосрден против Росол

Од:

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ во првата рунда во Мајами се соочи против чешкиот тенисер Томаш Росол, и славеше со убедливи 2:0.

При резултат 3:0 во првиот сет, Росол на своја серва успеја да земе еден гем и да направи 3:1, за потоа до крајот на натпреварот, да не успее да освои гем ниту еднаш.

Со убедливи 6-1 и 6-0, Новак го згази Росол и за 50-тина минути, обезбеди пласман во наредната фаза.

Во 1/16 финалето на турнирот во Мајами, Ѓоковиќ ќе се сретне со индискиот тенисер Сомдев Деварман кој што е 254. на АТП листата.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех