Ѓоковиќ нема да се жали на одлуката на судот: Многу сум разочаран

Од:

Процесот меѓу Новак Ѓоковиќ и австралиската влада е завршен. Одулката на тројцата судии да ја одбијат жалбата на адвокатскиот тим на тенисерот е конечна. Ѓоковиќ во најкусо можно време ќе ја напушти Австралија.

Адвокатскиот тим ја пренесе изјавата на Ѓоковиќ по конечната разврска на случајот.

„Би сакал да дадам изјава која се оденсува на денешното рочиште. Ќе земам еден период за да се одморам пред да коментирам повеќе на оваа тема. Исклучително сум разочаран од одлуката на судот да ја одбие мојата жалба со што сум спречен да останам во Австралија и да настапам на Австралија Опен. Ќе ја почитувам одлуката на судот и ќе соработувам со надлежните околу моето напуштање на земјата. Жал ми е што фокусот во последните десетина дена беше на мене, се надевам дека сега фокусот ќе биде на турнирот“ – порача Ѓоковиќ.

Тој им посака среќа на сите учесници на Австралија Опен и се заблагодари на семејството, пријателите и фановите кои му даваа поддршка во текот на целиот процес.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

А1он

Беретини го елиминира Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Доха

Ѓоковиќ остро за Синер: Земјотрес, oва е голем проблем за спортот

А1он

(ВИДЕО) Ѓоковиќ го „испрати“ Шварцман во пензија: „Што гледаш, идиотe?“

Ѓоковиќ: Татко ми ме убедува да ставам крај на мојата тениска кариера

Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа во Мелбурн парк пред арената Род Лејвер